За нас

Компанијата Девикс своите почетоци ги носи од 2006 година и полека  но сигурно чекори кон својот развој.

Со текот на времето од фирма со еден вработен и еден камион прераснува во професионална компанија за меѓународен транспорт со проширување на возниот парк и зголемување на бројот на вработени. Моментално брои 10 вработени професионално обучени за извршување на своите задачи и цели, добро координирани се со цел нашите клиенти да бидат целосно задоволни. 

Нашиот возен парк брои 5 современи возила, сите соодветно опремени  за транспорт на различни видови роба. (палетизирана, непалетизирана, опасни материи ADR), опремени со GPS уреди и покриени со CMR осигурување и 24 часовна комуникација.

Константното обновување на возниот парк и редовното одржување на постоечките возила во овластениот сервис MAN е нашата константна процедура.

Поради тоа е се поголем бројот на деловни соработници кои почнуваат и остануваат да соработуваат со нас.

Компанијата  Девикс се стреми кон понатамошен раст и развој со тенденции за проширувања на возниот парк и зголемување на бројот на вработени.